Изгаснат пожарот кај Криволак

Пожарот кој вчера избувна меѓу воениот полигон Криволак и месноста Теќе е конечно изгаснат.

Бидејќи пожарот е изгаснат сега нема потреба од ангажирање на канадери, а на површините каде сеуште тлее од страв ветерот да не го разгори повторно, ќе биде побарана интервенција од штипските пожарникари, вели Тодорка Атанасова од Дирекцијата за заштита и спасување, пренесе Курир.

Градоначалникот на Штип ќе оди на терен да провери каква е состојбата.