ВИДЕО: Сакраменто Кингс шампиони во летната НБА

Младите играчи на Сакраменто ја освоија летната НБА. Во финалето ги совладаа кошаркарите на Хјустон Рокетс 77:68

Реј Меккалум беше најдобар за шампионот постигнувајќи 29 поени.

„Ова е одлично, се трудевме и вредно работевме летово“, вели Меккалум по титулата.

Кингс во  Лас Вегас постигнаа шест победи и еден пораз, а Меккалум беше најдобар кога беше најпотребно, реализирајќи 9 од 15 обиди на дуелот. Рашад Џонс помогна со 12 поени, а Ник Стаускас уфрли 10.

Во редовите на Хјустон најрасположени беа Ник Џонсон со 17, Донатас Мотејунас со 16 и Ајзеа Кенан со 15 поени.

23.07.2014 - 16:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега