Странец ќе биде претседател на Комисијата за 24 демекври

Претседател на Комисијата што треба да ги истражи настаните кои се случија на 24 декември во македонското Собрание може да биде странец, пренесува Утрински весник.

Овој предлог странец да биде претседател на Комисијата за настаните од 24 декември дошол директно од претставници на ЕУ, за да се забрза формирањето на истата.

Според Утрински, претставници од ЕК им доставиле листа на експерти-странци од која двете партии требало да изберат личност за која што се согласуваат да раководи со ова тело.

Засега нема информации дали владејачката ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ одлучуваат кој ќе биде претседател на Комисијата.

ФОТО: Нетпрес

најчитано сега