Митрополитот Петар: Абортусот е убиство со умисла - црквата не може да го премолчи тоа

Митрополитот Петар за Канал 5 изјави дека го поддржува Предлог-законот за абортус.

Знаеме дека станува збор за свесно, намерно или со умисла убиство на децата во утробите на мајките. Црквата не може да го премолчи тоа и сака да го каже својот глас. Ние сме должни да укажеме дека не треба да се создава јавно мислење дека абортусот е нешто дозволено. Некои невладини организации, кои се декларираат дека се православни, создавајќи мислење дека абортусот е нешто дозволено всушност прават штета на човештвото и на нацијата, објаснува Митрополитот Петар.

Ризикот од абортусот е и самоубиство, зашто жените преку абортус ризикуваат да останат неплодни или го ризикуваат својот сопствен живот, што е двоен грев, додава тој за Канал 5.

ФОТО: Канал 5

најчитано сега