Иванов се сретна со Наумовски и Јолевски
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, се сретна со Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот пратеник на Република Македонија за разговорите за спорот со името.
На средбата Наумовски бил запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН, соопшти кабинетот на претседателот.
Претседателот Иванов му посака успешно вршење на должноста, а на Јолевски му се заблагодари за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името.
23.07.2014 - 13:21
Фото:
влада
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа