Жереми Матје во Барселона за 20 милиони евра

Клубот од Камп Ноу на својата интернет страна потврди дека го ангажирале 30 - годишниот дефанзивец на Валенсија  Жереми Матје. Цената на трансферот е 20 милиони евра. Интернационалецот на Франција ќе потпише четиригодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една година. 

Матје игра на позицијата централен дефанзивец, но по потреба ја покрива и левата бековска позиција. За тимот на Валенсија настапи 117 пати и постигна седум гола.

23.07.2014 - 12:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега