Градот ги сотре овошките во Преспа - невремето направи хаос

 
 
Јаболковите насади во Преспанско претрпеа големи штети од градот, кој вчера во 15 часот го зафати овој регион. Градот со големина на орев и јајце, нанесе штети на околу 3.000 хектари овошни насади, при што го оштети родот од 30 до 100 отсто.
 
- Ова невреме уште еднаш го отвори прашањето за осигурување на насадите и користење на поволностите што ги дава Владата, како субвенционирање на 60 отсто од вкупната сума, истакна заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, кој ги посети погодените реони.
 
Владата ќе ги разгледа можностите за да им се помогне на оштетените и додаде оти ќе се формираат и комисии за проценка на штетите.
 
Невремето предизвика поплави по улиците, а оштети и автомобили.
23.07.2014 - 11:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега