Груевски ќе изврши увид на на автопатот Миладиновци-Штип
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета и увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип.
Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.
Се работи за инвестиција од 206 милиони евра.
23.07.2014 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа