Ново полетиште за параглајдинг во Крушево

Денеска во Крушево ќе биде пуштено во употреба полетиштето за параглајдинг.

Проектот е на УСАИД во соработка со Општина Крушево, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Воздухопловната федерација на Република Македонија и искусни параглајдеристи од земјава и истиот се стреми кон експанзија на мали бизниси.

„Мечкин Камен – Исток” е името на полетиштето и се наоѓа во близина на локалитетот Мечкин Камен.

Презентацијата на новопоставената опрема на полетиштето ќе ја одржи Златко Спировски, инструктор по параглајдинг, кој подоцна и ќе ја демонстрира нејзината употреба.

Свое обраќање кон присутните ќе имаат Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево, Џејмс Стаин, директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и претставник од Воздухопловната федерација на РМ.

Предвидено е со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси да се опремат четири полетишта и слетишта за параглајдинг до крајот на годинава.

Новата опрема ќе ги направи терените попривлечни за странските и домашни спортисти и туристи и со тоа ќе се помогне локалната економија.

23.07.2014 - 09:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега