Аеродромци ќе учат како да спречат кражби во летниот период

Полициски службеници вечерва во општина Аеродром, ќе делат пропаганден материјал и совети за спречување кражби во станови, куќи и возила. Се работи за продолжение на проектот „Превенција од имотни деликти", кој во соработка со Полициската станица „Аеродром" беше промовиран на почетокот на месецов со цел да се зголеми информираноста на граѓаните како да се заштитат од кражби во летниот период.

Информативниот полициски пункт ќе биде поставен во 19:00 часот пред влезот на ТЦ „Капитол". 

 

23.07.2014 - 09:39
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега