Убиен заповедникот на Ал Каеда- внукот на Осама Бин Ладен

 

Најмалку шест истакнати припадници на ал Каеда во Пакистан биле убиени во американски напад на беспилотно летало во пакистанскиот племенски регион Северен Вазирстан.

Меѓу жртвите бил и главниот оперативен командант известуваат локалните медиуми.

Нападот се случил на 10. јули на подрачјето Датахела во Северен Вазирстан, откако еден од седумте племенски региони каде што Пакистан започнал воена операција минатиот месец против локалните и странските милитанти.

Мустафа Абу Јазид, главниот оперативен командант на ал Каеда, бил убиен во тој напад. Се верува дека Јазид бил близок со поранешниот лидер на ал Каеда, Осама бин Ладен, кој бил убиен од американските сили во Пакистан во 2011. година.

Санафи ал-Наср, роднина на бин Ладен кој се наоѓа во Сирија и во блиски односи со командантите на ал Каеда во Пакистан, изјавил дека шестмина од неговите најблиски соработници биле убиени во нападот.

23.07.2014 - 09:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега