Иванов на средба со досегашниот и новиот преговарач за името

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе има средба со Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот специјален пратеник на шефот на државата во разговорите за разликите околу името со Грција.

Идниот амбасадор на Република Македонија во САД, Васко Наумовски, со одлука на претседателот на државата  е поставен на должноста специјален пратеник во разговорите за името што ги води медијаторот на ОН Метју Нимиц, соопшти кабинетот на претседателот.

Наумовски ќе го замени досегашниот македонски преговарач за името името Зоран Јолевски, кој во новиот владин состав е именуван за министер за одбрана.

23.07.2014 - 09:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега