Тинејџери "од пеколот"- нападнале двајца бездомници па ги докрајчиле со цигли и метални шипки

 

Тинејџери од пеколот на возраст од 15, 16 и 18 години признале дека убиле двајца бездомници чии тела биле пронајдени во саботата во Ново Мексико.

Имено американскиот суд во Албакурки им одредил кауција од 5 милиони долари, а на сите тројца ќе им се суди како на возрасни личности, иако двајца од нив се малолетни.

Тинејџерите признале дека изминатите 12 месеци злоставувале околу 50 бездомници.

Двајцата, чии тела биле пронајдени на душеци во поле, ги убиле откако најмладиот го оставила девојката, а потоа ги докрајчиле со помош на 10-тина цигли, метални шипки и неколку стапови.

Третиот маж успеал да побегне, а денес се појавил на суд за да сведочи за бруталниот напад на тројцата тинејџери.

Пред судот тинејџерите отворено проговориле за своите злосторства, но меѓусебно се обвинуваат за убиствата.

23.07.2014 - 09:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега