ВИДЕО: "Ким Јонг Ун" го мрази ова видео- еве зошто
По само неколку дена од завршувањето на Светското првенство во Бразил, излегоа гласините дека државните медиуми во Северна Кореја лажно известувале за Светското првенство што предизвика негативни реакции и критики во светот. Откако се заборави тоа еве нова драма за Ким Јонг Ун.
Американските медиуми пишуваат за видеото кое докажува дека "диктаторите немаат смисла за хумор, а Ким Јонг Ун не е исклучок".
Станува збор за видео направено од Кинези, кое сега Ким Јонг Ун сака да ги натера да го отстранат од интернет, пишува Huffington Post во текстот со наслов "Ким Јонг Ун го мрази ова видео и сака да се отстрани од интернет".
На диктаторот не му е смешно бидејќи е прикажан како танцува, се смее и станува предмет на исмејување - најчесто од Барак Обама.
Според јужнокорејскиот Chosun Ilbun видеото "сериозно ги нарушило достоинството и авторитетот на Ким Јонг Ун".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа