Оваа фотографија го освои светот- еве зошто

 

Оваа фотографија го освои светот со брзина на светлината.

Двете момчиња, Харш и Ајмен го освоија светот по пат на Твитер. 

Луѓето кои ја поставија оваа фотографија на малиот Палестинец и Израелецот сакаат да испратат порака на надеж за мир на Блискиот Исток, но сепак, многумина наведуваат дека зад фотографијата стои позадина која многумина не ја забележуваат.

Овие момчиња се сретнале за време на протестот на Тајмс Сквер во Њујорк. Еврејското момче припаѓа на група која е ултраортодоксна, која верува дека создавањето на Израел е безбожништво и неверство, а кои на протестите против Израел се појавуваат со години.

Фотографијата е направена на протестите кои ги организирала палестинската коалиција, а меѓу насобраните се појавува и групата Нетуреи Карта - ортодоксна еврејска гранка која сака Израел да се избрише од мапата на светот, бидејќи на Евреите им е забрането да имаат својата држава пред доаѓањето на еврејскиот Месија.

22.07.2014 - 18:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега