Едно лице загина и 65 се повредени во експлозија на цистерна
Едно лице загина, а најмалку 65 други се повредени денеска при експлозија на цистерна со гас во Југоисточна Турција, јави турската агенција Анадолија.
Цистерната се превртела на пат во близина на градот Лиџе, 150 километри северно од Дијарбекир, по што избувнал пожар и ги зафатил околните возила и два автобуси.
Турските медиуми јавија дека дваесеттина повредени се во тешка здраствена состојба.
Гасењето на пожарот траело два часа.
22.07.2014 - 16:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа