Стадионите во Бразил ќе бидат куќи за бездомниците?

 

Речиси 250.000 луѓе со цел да се изградат нови стадиони за Светското првенство во фудбал кое се одржа во Бразил ги загубиле своите домови, односно биле иселени.

По завршувањето на првенството стадионите останале празни и бескорисни при што двајца француски архитекти, Алекс де Стампа и Силвиан Мако предложиле еден интересен и значаен план „1 Week 1 Project“ кој што ќе им го реши прашањето на бездомниците.

- Проектот „Casa Futebol“ нуди обнова на стадионите изградени за Светското првенство каде би се изградиле пространи модули-станови, доволни за пристојно да живеат четворица членови на едно семејство. Со тоа ќе им е овозможи една алтернатива на бездомниците, но и љубителите на фудбалот не се загрозени. Стадионите ќе продолжат да се употребуваат за фудбалски натпревари, чии средства ќе ги финансираат домаќинствата на стадионот, стои во објаснувањето на проектот.

Архитектите со помош на овој проект им отвораат можности на сите земји кои што имаат проблем со бездомниците.

Интересно е она што стадионите ќе продолжат да се користат и за фудбал, но и ќе бидат живеалиште на многу луѓе. 

22.07.2014 - 14:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега