Креации од хартија, жици и копчиња од тастатура - Trash Fashion натпреварот започнува идната среда

Од идната среда во Македонија започнува натпревар на модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад кои ги изработија тимови од 47 средни училишта во Македонија насловен како Trash Fashion Macedoniа.

Годинава предвидено е публиката да види спектакуларни креации од тоалет хартија, бакарни жици, копчиња од тастатура...

Откако петчленото жири ќе ги прогласи првото, второто и третото место ќе има забава со една од најпознатите македонски музички групи, која ќе остане изненадување за сите присутни.

Инаку, целта на натпреварот е да се подигне свеста за значењето и зачувувањето на природата.

Настанот ќе се одржи во Младинскиот Културен центар.

 

најчитано сега