Утре привремен сообраќаен режим на мостот „Тодор Александров“

 

Во текот на утрешниот ден едната коловозна лента на мостот „Тодор Александров“, поранешниот мост „Близнак“, ќе биде затворена за сообраќај.

Лентата ќе биде затворена поради изведување градежни работи за санација на дел од дилатационата фуга на мостот.

Ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

 Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на  поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

најчитано сега