Доаѓа циклонот Клара: Од утре цела Македонија во жолта предупредувачка фаза
Циклонот Клара кој минатиот период беснееше над западна Европа од утре доаѓа во средиштето на стариот континент и средното Средоземје. Според предвидувањата на метеоролозите, оваа појава треба да донесе наоблачување, поинтензивни врнежи од дожд и намалување на температурите.
За во Македонија, метеоролозите уште за вечерва најавуваат зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд.
Во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 23°C, а дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 4. За во вторник и Европската метеоролошка станица издаде метеоаларм во кој цела Македонија е ставена во жолта алертна фаза.
Врнежи од дожд се очекуваат се до крајот на неделата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа