Пронајдено 251 тело од настраданите во падот на малезискиот Боинг 777
Спасувачките екипи кои вчера до доцна го пребарувале теренот каде пто падна малезискиот авион успеале да пронајдат 251 тело и 86 остатоци од телата на настраданите од малезискиот авион Боинг 777.
Вториот воз, како што пренесува комисијата на укрианскат влада, пристигнал да ги собере остатоците од телата на настраданите.
Владимир Морозов, рускиот амбасадор во Австралија, изјавил дека Москва е спремна да ја поддржи нацрт-резолуцијата која ја предложила Австралија.
Овој документ гарантира меѓународните истражвачи да имаат непречен пристап на местото каде беше соборен авионот, кој сега е под контрола на про-руските сили во Украина.
-Оваа резолуција има поддршка од Русија се додека со неа не се обвинува било кој, изјавил Морозов во интервјуто за Фајненшл ревју.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа