Насилниците кои дивееја за „Монструм“ денеска на обвинителна клупа

 

Осумте демонстранти кои дивееја во Скопје на протестите за "Монструм", во скопскиот Кривичен суд денеска ќе седнат на обвинителната клупа.

Се работи за Ф.З., А.Р., М.Б., Р.В., А.А., Е.И., И.М., и Р.Б. на кои ќе им се суди за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

За време на протестите за пресудата за крвавиот масакр кај Смилковското езеро, демонстрантите фрлаа со камења кон полицијата и превртуваа контејнери. При протестите беа повредени триесетина полицајци и десетина граѓани.

21.07.2014 - 10:37
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега