Фрчеа казни за лажни реклами за попуст - еве колку продавници се казнети

 

Попуст од 50 отсто на сите продукти, „шопинг-часови со 80 отсто намаление на целокупната гардероба“, земете две, платете едно и што уште не. Реклами од овој тип секојдневно среќаваме, но многу често наместо попуст од 50 отсто на цела гардероба, се наидува на намаление само на одредени парчиња. Или ако ви треба нов шпорет и подготвени сте да платите само половина од сумата како што вели рекламата, ќе сфатите дека попустот е едвај пет отсто, пишува Дневник.

Деновиве бугарскиот „Практикер“ доби казна во висина од над 40.000 евра која беше изречена од страна на нивната Kомисија за заштита на конкуренцијата, бидејќи маркетот лани во ноември имал реклама во која се велело дека се што се нуди во маркетот е на попуст и од 22 отсто, иако на попуст биле само одредени артикли.

Лани околу 70 субјекти биле казнети од страна на Пазарниот инспекторат кој е надлежен за заштита на правата на потрошувачите токму поради измама, пишува Дневник.

21.07.2014 - 09:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега