Спречен шверц на илегални имигранти во Грција
Грчката полиција во Атина и Солун успешно ја спроведе акцијата против луѓе кои им помагаат на илегални имигранти да влезат во земји од Европската унија, при што се уапсени еден Сириец и еден Египќанец, јави дописникот на МИА од Атина.
Сириецот (36) бил уапсен на новата железничка станица во Солун, откако презел десет други Сиријци кои дошле од Атина и ги ставил во камион со кој требало да ги однесе во Австрија.
Египетскиот државјанин (46) , бил уапсен во Атина за наводно ракување со парите кои ги платиле мигрантите.
Полицијата во Атина го пребарала станот на Сириецот, и интернет кафето каде што работел Египќанецот, при што е пронајдена лажна возачка дозвола за Романија, фалсификуван сириски пасош, 4.200 евра, четири мобилни телефони и три сим картички.
Според полицијата, секој од имигрантите кои сакале да ја напуштат Грција, морале да платат околу 3.000 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа