Шефовите на дипломатиите на земјите од ПСИЈЕ на состанок во Охрид

 

Денеска во Охрид ќе се одржи формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички vo Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во рамките на македонското претседавање со Процесот.

Во функција на претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ, состанокот ќе го води шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски. 

На состанокот ќе присуствуваат и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и други претставници на меѓународни организации.

Министерот Попоски ќе ги информира присутните за реализираните приоритети за време на македонското претседавање со Процесот, ќе бидат разменети мислења за актуелните состојби во Регионот на ЈИЕ и перспективите за Европската интеграција на земјите од регионот.

Предвидено е и одбрување на Годишниот извештај на Генералниот секретар на РСС за периодот 2012 – 2013, одобрување на тригодишната Стратегија и Програма на РСС за периодот 2014 – 2016. 

ФОТО: Сител

најчитано сега