Летниот распуст во СДСМ им ги спаси партиските книшки на Буралиева и Грчева

Колку што ќе трае одморот на раководството на СДСМ, уште толку ќе трае и партискиот стаж на Солза Грчева и Љубица Буралиева. Вакви инфомрции деновиве доаѓаат од Бихаќка откако двете пратенички на СДСМ решија комплетно да се вратат на работа во Собранието.

За да бидат исклучени, Буралиева и Грчева ќе мора да чекаат седница на Централниот одбор на партијата, кој како што  веќе објавија повеќе медиуми, уште од средината на Јуни е на летен распуст. Поселдната негова седница беше кога му ја потврди довербата на Заев по катастрофата што ја доживеа на последните двојни избори. 
Покрај Буралиев и Грчева, на конец виси и партиската книшка на Мирослав Шиповиќ. Порптапролот на СДСМ пред неколку дена не ја исклучи можноста и тој да добие забрана за влез на Бихаќка.

На Бихаќка веќе им долг список на исклучени членови, од кои дел порано биле во самиот партиски врв. Еден од нив е и поранешниот партиски претседател и премиер Владо Бучковски, екс министерот Димитар Бузелвски, поранешниот градоначлник на Кавадарци, Панчо Минов и уште многу други. 

За разлика од социјалдемократите во ЛДП немаат таква можност, па Роза Топузова Каревска останува во јатото на Жерновски и покрај тоа што и го сврте грбот на деструктивната опозициска политика.

20.07.2014 - 22:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега