Одбележана 70-годишнината од неуспешниот атентат врз Хитлер
Германските политичари денеска ја одбележаа 70-годишнината од неуспешниот атентат врз Хитлер, со оддавање почит на жртвите на отпорот и на нацизмот, и положија венец на историските места во Берлин, но и во други градови.
Претседателот на Германија Јоаким Гаук отпорот кон Хитлер го наведе како пример за борба за човековото достоинство, слобода и демократија, а храброста на атентаторот како повик за преземање одговорност.
- Ние носиме одговорност за слобода која ние ја имаме и безусловно сакаме да ја задржиме, рече Гаук на централната свеченост на одбележувањето на 70-годишнината од атентатот.
Шефот на германската држава истакна дека денешниот ден потсетува на тоа колку е важно храбро да се стои зад вредностите.
На денешен ден во 1944 година група, собрана околу аристократот и офицер Клаус Шенк фон Штауфенберг, изврши неуспешен атентат врз Хитлер.
Штауфенберг е еден од главните лидери на движењето кој сакаше да го убие Хитлер. Како единствена личност која имаше пристап кон „фирерот“, овој благородник и војник - кој ги изгубил окото и раката во борбите во Африка, тогаш ја презеде главната улога во заверата.
Според планот, Штауфенберг остави актовка со експлозив под масата во „Волчјата јазбина“, засолниште на Хитлер, но во експлозијата Хитлер имаше само гребнатинки бидејќи, според историјата, го заштитила дебелата даска на масата.
Штауфенберг истиот ден е стрелан, а во наредните денови се убиени неколку илјади луѓе, осомничени дека имале врска со атентаторите.
Околу 350 германски војници вечерва, на историскиот ден и традиционално пред зградата на Рајхстагот, ќе положат заклетва пред претседателот на државата, а на свеченоста ќе зборува министерот за одбрана Урсула фон
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа