Норвешка е најсигурна, а Грција е најризична за инвестирање
Скандинавските земји нудат најголема сигурност за инвестиции во глобални рамки.
Норвешка е најсигурна земја во светот за инвестирање, додека Шведска е на четврто место, веднаш зад Хонг Конг и Швајцарија.
Тоа го покажуваат најновите анализи на фондот „Блекрокс Совереин Риск Индекс“ (БСРИ), со кои се опфатени 50-тина земји, меѓу другото во однос на волјата и готовноста за плаќање и транспарентноста на долговите.
Најголем ризик, според БСРИ, преземаат инвеститори во Грција, Венецуела и Египет. Ризиците се зголемени и во Бразил, Аргентина и Русија.
Во Грција, според едно друго истражување, 75 отсто од граѓаните веруваат дека зад економската криза, која ја погоди нивната земја од пред четири години, се наоѓаат странски интереси, а што е поврзано со рекордно високата невработеност како последица на длабоката криза.
Весникот „Гетеборг-Постен“ пишува дека станува збор за „резултати прзентирани во универзитетска студија изготвена од истражувачи во Оксфорд, Македонија и Солун“.
Студијата, како што се истакнува, дава потврда и на фактот дека Грците се склони да веруваат во теории на заговор. На принмер, 59 отсто од испитаниците веруваат дека терористичките напади од 11 септември се резултат на заговор зад која стои американската администрација, а 27 отсто од анкетираните веруваат дека спуштањето на Месечината во 1969 година всушност никогаш не се случило.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа