Работната недела да трае 3 дена - во пензија да се оди на 75 години

 

Вториот најбогат човек во светот, мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим предложи радикална промена во начинот на работење, со што работана недела би се свела на само три дена. 

- Работејќи три дена неделно би имале повеќе време за опуштање и за квалитетен живот. Четири слободни дена во неделата би овозможило осмислување на нови активности за забава и за трошње на времнето, изјави Слим во обраќање на биснис форум во Парагвај.

Според 74-годишниот милијардер и филантроп Слим, со ова скратена работна недела би се продолжил и работниот век, па така луѓето би заминувале во пензија на 70 или 75 години.

Слим е извршен директор на телекомуникациската компанија „Телмекс“, која неодмна им овозможи на своите работници, кои се вработени во претпријатието пред нивната 20 година, кога ќе наполнат 50 години да можат да работат по четири дена во неделата, а сепак да добиваат цела плата.  

Богатството на Слим, според „Форбс“, се проценува на над 80 милиарди долари.

20.07.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега