Е ова е кражба: Погледнете без колку пари останале двајца Турци во Неготино

 

Во Полициска станица-Неготино, од страна на вработен во хотел „Памела“-Неготино вчера околу 07:30 часот, пријавена била кражба од патничко моторно возило „Сани Јонк“со скопски регистарски ознаки управувано од двајца турски државјани кои престојувале во наведениот хотел.

Откако лицата ги оставиле патните торби во патничкото моторно возило кое било паркирано на паркинг просторот од хотелот, истите го заклучиле и отишле да појадуваат во хотелот, по што откако отишле во ПМВ, забележал дека недостасуваат торбите. Од торбите одземени се два лап топ компјутери, ајпод,  фотоапарат, неколку кредитни картички на име на оштетените, лични документи, 327.000 денари, 2.000 евра, 450 турски лири при што на лицата им е причинета материјална штета од околу 650.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

20.07.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега