Скопска свадба: Од оро директно во болница

 

Дежурниот медицински персонал  во ГОБ “8-ми септември” бил изненаден кога половина сватови директно од свадба дошле во амбулантата на преглед, дознава Zdravstvo24 од извори во болницата.

Повредена била гостинка на свадба во скопски ресторан. Останатите само и правеле друштво. Од долгото играње на орото тесните штикли на сваќата и направиле хематом на палецот на ногата. Не можела да оди. Иако проблемот на пациентката не бил сериозен таа сепак со останатите околу 20-тина сватови останале да чекаат на ред за преглед во истата чекална со други тешко болни.

По шокот од првата глетка на многу луѓе од свадба во чекалната, дежурните во болницата откако дознале што е проблемот и го прегледале и преврзале прстот на ногата и ја советувале девојката повеќе да не носи тесни чевли. Вакви несекојдневни интервенции често им прават проблем на лекарите во дежурните служби.

Од болницата за Zdravstvo24 велат дека постојано во доцните вечерни часови се случувало во дежурната служба да доаѓаат граѓани само да си го проверат притисокот или да поразговараат со лекар по што веднаш “оздравувале”.

19.07.2014 - 23:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега