Охрид зјае празен - охриѓани среде една од полошите туристички сезони
Охриѓани се уште го чекаат првиот бран ан туристи. Македонскиот туристички центар зјае празен, а единствено исполнети се дел од хотелските капацитети каде традиционално летуваат странските туристи. Освен сопствениците на станови, во македонскиот Ерусалим, речи си и да нема луѓе.
Чаршијата е празна, а на плажите воопшто нема луѓе, дури ни за викендите.
Причина за лошиот старт на сезоната првенствено се временските услови. Водата во езерото е со температура од околу 21 степен, што е студено за капење. И температурата на воздухот е ниска, па времето воопшто не дозовлува уживање на прекрасните охридски плажи.
Како еден од главните проблеми, туристичките работници ги посочуваат и високите цени на услугите во Охрид. Издавачите на апартмани во приватно сместување се жалат дека нивните традиционални гости од Македонија го заобиколуваат нашиот туристички центар поради превисоки цени во дел од рестораните и на некои плажи. Апелираат до кафеанџиите и сопствениците на плажите да ги намалат цените и да придонесат за привлекување на поголем број туристи.
Спас за туристичката сезона охриѓани гледаат во викендот околу 2 август, кога традиционално, бројот на туристи го достигнува врвот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа