Киев: Имаме „релевантни докази“ дека Руси го собориле малезискиот авион
Украинските власти денеска соопштија дека располагат со „релевантни докази“ оти малезискиот авион што се урна во четвртокот во источна Украина, бил соборен од ракетен систем со кој управувале руски државјани.
- Имаме релевантни докази дека овој терористички чин е извршен со помош на Руската Федерација. Знаеме дека тимот на (ракетниот) систем бил составен од руски државјани, изјави раководителот на украинската контраразузнавачка служба Виталиј Најда.
Тој воедно побара од Русија да и ги достави на Украина „имињата на луѓето од тимот“, кој според него го соборил авионот, со цел да може да бидат сослушани од украинските власти
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа