Браво: Златен медал за хорот Св. Злата Мегленска на Светските хорски игри
Хорот Св. Злата Мегленска освои прво место во категорија световна музика и второ место во духовна категорија на Светските хорски игри кои се одржуваат во Рига, Латвија, на кои се претставија хорови од над 60 земји од целиот свет, коисе натпреваруваа во 28 различни категории
Со поддршка од Министерството за култура, Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, како единствен претставник од Република Македонија, учествуваше на 8. Светски хорски игри, што се одржува во Рига, Латвија.
Нашите претставници се натпреваруваа во три категории, и тоа: световна музика, црковна а-капела и фолклор
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа