Владата им нуди нова можност на невработените да започнат бизнис

 

Владата на Р.Македонија продолжува со активностите и политиките за намалување на невработеноста. Преку поширока палета на активности, подобрување на бизнис климата, странски инвестиции и финансиска помош од старна на државата се дава можност за зголемување на вработенста. Од следната недела Владата во соработка со Министeрството за труд и социјална политика  и Агенцијата за вработување ќе објави оглас во кој државата ќе дава помош на невработените да започнат свој сопствен бизнис и помош за правните субјекти да можат да вработуваат нови лица.

Ова денеска го истакна портпаролот на македонската Влада Александар Ѓорѓиев.

Тој информираше дека станува збор за  две поголеми категории и тоа самовработување со кредитирање и кредитирање на мали и средни претпријатија со можност за вработување.

Сите невработени лица кои се водат во АВРМ како невработени ќе имаат можност да се групираат по тројца меѓусебе и од страна на државата ќе добијат кредит од 3000 евра по лица, со грејс период од една година и каматна стапка од 1 отсто.

Оние кои сакаат да започнат бизнис со дејност од поголем обем ќе можат да се групираат по  5 лица со тоа што кредитобарателот ќе добие кредит од 5000 евра, а останатите 4 лица ќе добијат кредит по 4000 евра со грејс период од 1 година и каматна стапка од 1 отсто.

Кредитирањето на малите и средните претпријатија ќе биде за фирми кои постојат повеќе од 1 година и во последните 6 месеци имаат ист број на вработени. Тие ќе можат да вработуваат максимум по 3 лица за кои ќе добиваат по 3000 евра за лице над 29 години и 4000 евра за лица под 29 години со рок на враќање од 2 години, грејс период од 1 година и каматна стапка од 1 %.

 

 

 

19.07.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега