Борис Трајанов настапува во „Аида“ на Дорнхелм

Македонскиот баритон Борис Трајанов летово настапува во улогата на Амонасро во Вердиевата „Аида“ на реномираниот оперски фестивал „Сент Маргаретен“ во Австрија.

Трајанов работи со холивудскиот режисер Роберт Дорнхелм, познат по филмовите „Спартак“, „Десетте божји заповеди“, „Децата од улицата театар“ со гласот на Грејс Кели.

„Аида“ под диригентската палка на Алфред Ешве ќе има повеќе изведби овој и идниот месец. Трајанов ќе настапи во 12 од 23 оперски претстави и таму ќе ја прослави и јубилејната 700-та оперска изведба во неговата кариера и 70-тиот настап на сцените низ Австрија.

Оперската продукција „Аида“ се игра во римскиот каменолом, каде што од 1996 година се одржува австрискиот летен фестивал. Сценографот Манфред Ваба го трансформирал античкиот каменолом во неверојатна сцена широка стотина метри, која потсетува на „Долината на кралевите“ во Египет. Еден од централните елементи е 19 метарска свинга, која ги крие гробовите на Аида и Радамес. 

Оперскиот фестивал „Сент Маргаретен“ привлекува над 200 илјади љубители на оперската уметност секоја година

19.07.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа