ФОТО: Спасен повреден лебед во Охрид

Повредениот црвеноклун лебед, кој деновиве беше привремено сместен во ресторанот кај манастирскиот комплекс „Св. Наум“, успешно е пренесен во Зоолошката градина во Битола.

Активистите на „Анималиа“, кои ја запознаа јавноста и надлежните служби со овој проблем, велат дека врз лебедот ќе биде извршен хирушки зафат од страна на ветеринар со цел санација на скршеното крило, пишува Охрид њуз.

-Семестен е во кафез со соодветни услови и ветена е максимална нега и грижа. Ќе биде набљудуван од страна на нашите пријатели од Битола, односно Здружението „Мали херои“. После третманот, лебедот повторно ќе биде вратен во водите на Охридското Езеро, со оглед на тоа што истиот претставува синоним на вечната љубов,велат од „Анималиа“.

Оттаму изразуваат огромна благодарност до Зоолошката градина во Битола, до општина Охрид, ветеринарните инспектори, како Секторот на Министерството за животна средина.

-Благодарност и до ресторанот Острово, кои покажаа грижа и разбирање за лебедчево. Благодарност и до Здружението „Macedonian Owl Trust“, за пројавениот интерес и споделените совети, истакнуваат активистите на локалното Здружение за заштита помош и вдомување на животни.

Тие апелираат до хуманите граѓани кои имаат можност, да донираат на сметка на Здружението, со оглед на тоа што трошоците за хирушкиот зафат на лебедот се доста големи.

19.07.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега