Путин: Украина има одговорност за авионската несреќа

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина има одговорност за уривањето на малезискиот патнички авион во источниот дел на земјата и оти тоа немало да се случи ако Киев не ја обновел воената кампања против сепаратистите.

- Таква трагедија немаше да се случи ако царуваше мир на таа територија, ако не беа обновени воените операции во Југоисточна Украина. Без сомнеж Владата на земјата, на чија територија тоа се случи носи одговорност за таквата ужасна трагедија, истакна Путин.

Тој наведе дека руските власти ќе направат се што е можно да помогнат во истрагата за авионската несреќа.

- Ќе направиме се што можеме за да добиеме објективна слика за тоа што се случи, рече Путин.

Официјален претставник на руското Министерство за одбрана изјави дека ниту зенитно-ракетните комплекси „Бук“ иту друго оружје на руската армија не ја поминале руската граница со Украина.

18.07.2014 - 20:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега