Фидел Кастро: Украина е виновна за соборувањето на малезискиот авион

 

Фидел Кастро ја обвини украинската Влада во Киев за соборување на патничкиот авион на малезиската авиокомпанија „Малезиа ерлајнс“.

Како што ја пренесуваат изјавата тамошните медиуми,  Кастро изјави дека авионот летал над територија контролирана од „агресивната влада“ на украинскиот претседател Петро Порошенко“.

Тој потсети за кубанската помош за Украина по нуклеарната катастрофа во Чернобил и изјави дека Хавана е подготвена да укаже помош и во иднина, но не може да не ги осуди дејствијата на „антируската, антиукраинската, проимперијалистичката влада“ на Порошенко. 

18.07.2014 - 17:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега