Се уште не е познат идентитетот на четворица патници на малезискиот авион

 

Малезиската авио-компанија соопшти денеска дека е утврдена националноста на повеќето настрадани во падот на авионот МХ17, додека идентитетот на четворица, од вкупно 298 патници и членови на екипажот, не е познат.

- Во авионот биле 189 државјани на Холандија, 29 на Малезија, 27 на Австралија, 12 на Индонезија, девет на Велика Британија, четворица на Германија, четворица на Белгија, тројца на Филипини и по еден од Канада и од Нов Зеланд, соопшти директорот на компанијата за Европа Хиб Гортер, додавајќи дека засега не е познат идентитетот на четири лица.

На конференцијата за печатот Гортер уште рече дека пред падот, авионот нормално летал.

- Леталото е произведено во 1997 година и беше 17 години во погон...сите комуникациски системи во авионот функционираа, рече тој.

Според него, контактот со авионот е изгубен во 16.15 минути по средноевропско време.

Компанијата планира да ги одведе членовите на семејството на местото на несреќата, но засега таа можност се уште се испитува, појасни Гортер.

Според неговите најави, „малезијан ерлајнс“ ќе плати по 5.000 долари по патник за роднините за нивните трошоци додека чекаат вести во хотел во Амстердам.

18.07.2014 - 17:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега