ВИДЕО: Како сами да направите влажни марамчиња

 

Влажните марамчиња се неизбежен дел од нашиот живот и речиси сите и постојано се користат, но дали знаете дека може и самите да ги направите?

Постапката е многу едноставна и потребни ви се работи кои веќе ги имате дома.

2 dl вода, 2 лажички детска купка, 2 лажички детско масло и 1 ролна тоалетна хартија.

За да ги направите овие марамчиња, тоалетната хартија пресечете ја на пола, а во една чаша измешајте ја водата, купката и маслото и добро промешајте.

Потоа во поголем сад ставете ја едната половина од тоалетната хартија и полијте ја со подготвената течност. Оставете да отстои десетина минути додека хартијата не ја впие течноста.

На крајот одвиткајте и внимателно извлечете ја картонската ролна од средината. Така ќе го извлечете и првото влажно марамче, а останатите може да ги чувате во затворен сад околу една недела.

Погледнете го видеото со целата постапка:

Извор: Црно Бело

 

18.07.2014 - 16:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега