СДСМ повторно удри по Press24

 

СДСМ по кој знае кој пат удри по новинарските слободи. Во т.н. демант кој попладнево стигна до нашата редакција, опозициската партија упати серија обвинувања до нашиот медиум.

Свесни сме дека мораат да најдат лаги со коишто ќе ги замајуваат граѓаните за да не забележат што прави власта. Свесни сме дека мора да сокријат дека ВМРО-ДПМНЕ ги жртвува здравјето и безбедноста на скопјани, само за своите бизнис интереси, тешки 630 милиони евра. “ - стои во т.н. демант на СДСМ кој не демантира ниту една објавена информација на Press24 ниту пак наведува за кој текст или делови од него станува збор, туку го етикетира нашиот медиум и прави обид да изврши притисок врз нашата уредувачка политика.

За потсетување, СДСМ реагираше на сличен начин, обвинувајќи го Press24 за „одработување за владини интереси“ и „текстови полни лаги“ и кога нашиот медиум објави дека Стево Пендаровски ќе биде опозицискиот кандидат за претседател на Македонија.

Press24 ги повикува новинарските здруженија како и претставниците на меѓународниот фактор во земјава да го запрат овој атак врз слободата на изразување кој опозициската партија го практикува подолг период. 

18.07.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега