СТРАШНО: Како во одредени земји ги малтретираат жените кои имаат менструација

 

Организацијата „Феме Интернационал“ објави мапа на држави во кои менструацијата во 21 веко се уште е табу тема. 

Венецуела

Во руралните делови на Венецуела, жените се приморани да спијат во шатори додека им трае месечниот циклус

Гана

Во некои делови на Гана, на жените им е забрането да бидат во иста куќа со мажи ако и да готват додека имаат менструација

Исламски земји

 

По исламската традиција, жените кои имаат менструација не смеат да се молат и да го допираат Куранот, ниту пак да постат

Непал

Во зафрлените делови на Непал, на жените им е забрането да разговараат со било кого за време на менструалниот циклус. Во истиот период тие мораат да живеат во глинени куќи во
шумата се додека циклусот не заврши.

Кенија

Жените во племето „Масаи“ кои имаат менструација не смеат да молзат крави ниту да влегуваат во шталите за да не ги заразат животните. Исто така, за време на циклусот, тие не смеат да јадат млечни производи

Индија

Жените додека се во ментруален циклус не смеат да допираат крави

Југоисточна Азија

Во многу заедници во Југоисточна Азија, жените кои имаат менструација не смеат да користат вода од истите чешми како и останатите луѓе, како не би ја заразиле

18.07.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега