И ова го направија- Селфи тостер

 

Трендот селфи се прошири низ светот со брзина на светлината. Секојдневно се наоѓаат нови начини за правење селфи фотографии па така и овој пат доколку вашето огледалото не ви е доволно тука е решението за вас.

Во Америка започна продажба на интересни тостери со кои ќе можете да  испече парче леб, така што на него ќе се појавува вашиот лик.

Се што треба да направите е да се испратите барање до компанијата “Burnt Impressions” од Вермонт да ви направи тостер по желба и за една недела, секое утро тој апарат ќе ви го пече тостот со вашиот лик ( или симбол ).

Компанијата има посебни правила. На пример, ако не успеат да го репродуцираат вашиот лик или симбол, порачката ќе биде откажана, а парите вратени. Ваквиот вид на селфи-задоволство чини 75 долари.

18.07.2014 - 12:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега