Имале среќа: Во последен момент не се качиле во Малезискиот авион
Млад брачен пар со нивното бебе имале среќа да не влезат во малезискиот авион, кој вчера беше соборен од проектил на руско-украинската граница. Како што јавува британскиот Телеграф, откако парот дознал дека за нив нема место во авионот, отпатувале со авионот на компанијата „КЛМ“.
-Како да имаше некој што не чува и кој рече не смеете да влезете во тој авион. Ја сакаме „Малезија ерлајнс“ и речиси секогаш патуваме со нивните авиони, вели Изи Слим по несреќата.
Така, овој пар за влакно и побегнал на смртта.
18.07.2014 - 10:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа