Полицијата демне - „летаа" казни за несовесни возачи

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Исто така откриени се шест возачи без возачка дозвола, 20 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и 13 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај вчера одржа сообраќајна едукативна поука на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возач на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

18.07.2014 - 09:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа