Прегазен пешак кај Бит Пазар - девет сообраќајки во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда. Со телесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, еден возач со мотоцикл и еден сопатник.

Се случила и една сообраќајна незгода во 11 часот и 20 минути на булеварот „Никола Карев“ во близина на клучката Бит-пазар, во која учествувале патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак кој се здобил со потешки телесни повреди.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај.

18.07.2014 - 09:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега