Вечерва хаос на Бихаќка - СДСМ удри по своите
Социјалдемократите почнаа да испраќаа реакции на изјави на своите членови. Прв во историјата меѓу политичарите на кого во писмено соопштение му реагира сопствената партија, во која патем има и висока функција како претседател на советот на најактивната општинска организација на СДСМ влезе Мирослав Шиповиќ.
Шиповиќ денеска во изјава за Телма реагираше на информциите кои со новинарите денеска ги сподели партискиот портапрол Петре Шилегов кој рече дека претседателот а Совето на општина Центар, вчера на состанокот со РАдмила Шеќеринска рекол дека е под силен притисок на власта и дека мора да ги поддржи деталните урбаниситички планови предложени од ВМРО-ДПМНЕ.
„Информациите што ги соопшти портпаролот на СДСМ на денешната прес конференција, претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, вчера ги кажа пред 20 луѓе. СДСМ само ја пренесе вистината. Социјалдемократскиот сојуз го разбира притисокот под којшто се наоѓа Мирослав Шиповиќ, од страна на власта на Никола Груевски. Случајот Шиповиќ е класичен доказ како ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се подготвени да газат и врз елементарното човековo достоинство, само да ги остварат своите бизнис апетити“ - стои во писменото соопштение испратено од Бихаќка.
Партиски извори брифираат дека Шиповиќ има огромна поддршка од членството во општина Центар и дека во СДСМ се свесни дека ќе следи силен удар врз партијата по невото разрешување. Сепак, Заев уште пред апсењето на Шиповиќ имал намера да го смени од местото претседател на општинската организација во оваа општина, но по негово апсење видел добар простор за политички профитирање, односно можност да ја обвини власта дека користи недемократски методи во пресметките со опозицијата. Дека е така потврди и Шиповиќ преку својот профил на Facebook, каде напиша дека е разочаран од некои луѓе кои ги сметал за блиски и за кои „ставал глава во торба“. Шиповиќ констатираше дека за СДСМ најдобар бил додека бил во затвор.
Доколку се остварат стравовите на СДСМ и утре останат без мнозинство во општинскот совет, партијата на Заев ќе ја загуби најсилната меѓу четиите општини во кои ја има власта. И во ЛДП и во СДСМ не кријат дека огромен анимозитет постои и на релација Жерновски - Заев, а главен камен на сопнување биле партиските вработувања и распределбата на тендерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа