Партијата на Тачи не го признава претседателот на Собранието

Демократската партија на Косово на премиерот во оставка Хашим Тачи, која освои најголем број гласови на предвремените парламентарни избори на 8 јуни, соопшти дека нема да го признае изборот на лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа за претседател на Парламентот.

- Политичките партии кои загубија денеска ја добија највисоката институција. Демократската партија на Косово изборот го смета за невалиден, се истакнува во соопштението од партијата.

Мустафа денеска е избран за претседател на Собранието на Косово како кандидат на постизборната коалиција ДСК-АБК-Иницијатиова за Косово, лидерот на ДСК.

„За“ Мустафа гласаа 65 пратеници, меѓу кои и претставниците од листа „Српска“, додека пратениците од движењето Самоопределување беа воздржани

17.07.2014 - 20:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега