Судир меѓу два патнички воза во Франција

 

Според информации на регионалната телевизија „Франс3 Акитен“ на 17 километри од По, град во француските Пиренеи, дошло до судир на два патнички возови, од кои еден е брзиот ТГВ.

Во несреќата имало најмалку 15 повредени од кои троЈца ПОтешко, јави дописникот на МИА од Париз.

Според весникот „Суд Вест“, ТГВ непосредно пред судирот застанал на пругата, и до судирот дошло пред тој повторно да тргне.

Засега нема повеќе информации за причината на несреќата, а спасувачките екипи работат на евакуирањето на повредените. 

17.07.2014 - 19:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега